Банер

Со континуирано инвестирање во производниот процес уште од своето основање во 1924 година, па до денес, Прилепска Пиварница постојано го подобрува квалитетот на своите постоечки производи и создава нови.

Заштитен знак на Прилепска Пиварница е висококвалитетното пиво, почнувајќи од Златен Даб и Крали Марко, како едни од водечките домашни брендови на пиво, па сѐ до Tuborg и Carlsberg, кои се едни од најквалитетните светски пива, а нивни единствен овластен дистрибутер е Прилепска Пиварница.

Прилепска Пиварница произведува и освежителни газирани безалкохолни пијалаци, како што се Газоза и Портокалада. Тука се и овошните нектар-пијалаци од линијата Bloom со 5 различни вкуса: јаболко, портокал, праска, шумско овошје и тропско овошје. Како овластен полнител на безалкохолни пијалaци, Прилепска Пиварница ги полни пијалаците на Pepsi Cola International: Pepsi, Pepsi Twist, Pepsi Max, 7UP, Mirinda Lemon и Mirinda Orange.

Мотивација за постојано усовршување Прилепска Пиварница наоѓа кај крајниот потрошувач, кој секогаш мора да го добива најдоброто и најквалитетното. Тоа е мисијата што ја движи Прилепска Пиварница, а тоа е и начинот со кој ја доби и постојано ја потврдува довербата на потрошувачите.

Кој од нашите пијалаци ви е најомилен?
Банер
Банер