Прилеп е град во северниот дел на Пелагонија, Македонија, сместен под Маркови Кули. Географската положба на овој град овозможила тој низ историјата да биде точка каде што се вкрстувале хеленската, римската, византиската и словенската култура. Во пишаните историските извори Прилеп првпат се споменува во 1014 година.
Античкиот период го потврдуваат и денес видливите остатоци на одбранбените ѕидови, храмот посветен на божицата Тихе, Гимназионот и бројни индивидуални градби на градот Стибера, лоциран во непосредна близина на Прилеп, кај селото Чепрегово. Градот Стибера, изграден пред времето на Филип ИИ, разурнат е во 265 година од страна на Готите и никогаш повторно не е обновен.
За средновековните градби, говори и легендата за "77те цркви во Варош" средновековното средиште на градот и манастирскиит комплекс со црква посветена на Светите Архангели (во народот позната под името Св. Архангел) изградена е врз постари темели на 10 вековна дрвена сакрална градба. Пред самиот влез во црквата и денес ќе Ве пречекаат фреско декорациите на кралот Марко и татко му Волкашин, во полн раст и во полна царска облека. На еден од столбовите ќе можете да го прочитате најстариот натпис (996) чија содржина го потврдува одвивањето на висока свештеничка служба во Прилеп и во 10 тиот век. Внатрешноста на црквата е фрескоживописана во 13 тиот век и изобилува со уникатни сакрални сцени, од кои мора да се издвои ретката претстава на Чудото во Хона. Во овој период во Варош подигната е црквата Св. Никола. Овој балкански бисер ќе го запаметите заради уникатната декорација на фасада, или поради најбогатите сцени во внатрешната фрескодекорација, или заради античките столбови, пиластри, тимпанони, ... делови од антички храмови што се граделе во Прилепско поле. Кон крајот на 13 век подигната е црквата Св. Димитрија, којашто ќе Ви ја открие тајната: зошто и Венецијанските трговци својата стока, пред да ја однесат во Солун и Цариград ја нуделе на прилепскиот панаѓур, кој во 12-14 век се одржувал во подножјето на оваа црква. За важноста на панаѓурот зборува и посебниот султанов указ со којшто: сите тргвоски каравани што носеле стока на панаѓурот ја уживале заштитата на султановите војници. Според легендите самовилите им се противеле на ѕидарите од 15 век до денес.
Овие сакрални градби ги крунисуваат одранбените ѕидови на Марковите Кули, што се протегаат на ридот над средновековното градско средиште на Прилеп. Во ѕидините сè уште се видливи ѕидовите од резиденцијалните градби на средновековните богаташи, остатоците од производрствените комплекси за метални и керамички производи, пазарното плато и цистерната, надвишени од "Чардак" каде може да се видат и графити од средниот век.
Уште една легенда за Прилеп вели дека е почивалиште на најголемиот македонски цар, цар Самуил, откако ја видел својата ослепена војска.
Денес централното градско подрачје, наречено е Галерија под отворено небо, заради 70-тината партерни скулптури расфрлени низ парковите на градот. Во центарот може да се видат и Галеријата на икони, Археолошката поставка на Музејот, автентична градска куќа од 19-тиот век – куќата на херојот Кузман Јосифовски-Питу; старата градска чаршија што се развила околу кривата 38 метарска кула на Саатот, или Могилата на непобедените, или Музејот за тутун ...
Денес Прилеп е град во кој успешно работат повеќе компании. Во Прилеп се произведува одлично пиво, се ископува и обработува еден од најквалитетните мермери во светот, мануфактурно се одгледуваат ароматични тутуни и се произведуваат цигари.
Прилеп е место каде може да се разјасни балканската историја, да се почувствува византиската култура и да се доживее словенското гостољубие...



