Банер

Прилепска пиварница е основана 1924 година. Тој период се карактеризира со мануелно производство, кое расте од година во година и на почетокот на Втората светска војна достигнува 8.000 хектолитри пиво годишно.

Самиот почеток на Втората светска војна ги продлабочува финансиските тешкотии во кои запаѓа пиварницата и таа престанува да работи.

Повторното активирање на погоните се случува во 1952 година за наредната, 1953 година, да се инсталира и парен котел за варење на пивото. Со таа технологија и 40 вработени во пиварницата, во 1966 година производството скокна на 42.000 хектолитри пиво годишно. Во тој период најголемото производство беше на црно и на светло пиво, "Крали Марко", што ферментираше во дрвени буриња, а се пакуваше во стаклени шишиња.

Поголема инвестиција во пиварницата беше преземена во 1972 година кога и производството се зголеми на 86.000 хектолитри пиво.

Со преземањето на раководството од страна на млади високообразовани кадри, во 1975 година почна и брзиот раст на "Прилепска пиварница" и во наредните 3 години производството скокна на 250.000 хектолитри пиво годишно.

"Прилепска пиварница" во 1980 година добива и лиценца за производство на светските брендови Pepsi и Mirinda за да во 1991 година добие и признание за најголема продажба на Pepsi, во апсолутен волумен, во регионот на поранешна Југославија и во Албанија.

Во 2000 година го лансира пивото "Златен даб", кое се карактеризира со висок и одличен вкус.

Својот асортиман го проширува во 2002 година со добивање лиценца за производство на овошни сокови - нектари Пригат.

Денес "Прилепска пиварница" е во приватна сопственост. Инвестициите во високата технологија ја направија и една од најмодерните пиварници на Балканот. Годишниот капацитет на варилницата е 582.000 хектолитри пиво годишно. Покрај тоа, се уште ги полни лиценцните пијалаци Pepsi, Mirinda и 7 UP, како и овошниот сок Пригат.

Кој од нашите пијалаци ви е најомилен?
Банер
Банер