Мајсторско пиво е новиот производ кој Прилепска пиварница го лансираше на пазарот (на 10-ти Мај и 16-ти Мај, за стаклено шише од 0,5л и пластично шише од 1,5л). Од мајсторите на пивото до сите мајстори на својот живот е идејата за развој на овој нов бренд на пиварницата.
"Нашите анализи изминативе години покажаа дека на пазарот недостасува пиво во сегментот светло пиво со достапна цена за сите потрошувачи. Особено во услови на тешка економска ситуација, која води кон зголемени трошоци на живот и намален стандард, одлучивме на нашите потрошувачи да им понудиме производ кој ќе ги задоволи нивните потребите во поглед на вкус и притоа ќе има достапна цена за секој поединец. Успеавме да ја изнајдеме вистинската формула за лансирање на еден ваков производ. Македонија одамна има едуцирани потрошувачи кои знаат што е квалитетен производ. Токму квалитетот што го застапуваме и довербата која ја имаме стекнато кај потрошувачите со досегашните брендови ни даде дополнителен поттик за лансирање на целосно нов производ, – Мајсторско пиво", изјави Сашко Самарџиоски, генералниот менаџер на Прилепска пиварница.
Да се следат потребите на пазарот и да се делува проактивно е дел од стратегијата на Прилепска пиварница. Пазарната ситуација и постојаните флуктуации на цените, се појавуваат како значајна причина за лансирање на нов производ, поточно ново пиво кое е дел од долгорочната стратегија на Прилепска пиварница – да се одговори навремено на потребите на потрошувачите и барањата на пазарот.



