Банер

Prilepska Pivarnica Podarok Small.jpg

Прилепска пиварница донираше Bloom за децата со оштетен слух и говор.
Меѓународниот ден на детето беше главна причина за донација на 120 литри на Блум од Прилепска пиварница во Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух и говор Кочо Рацин во Битола.
-Убаво е кога за момент можете да видите задоволство и насмевки кај децата преку подарување на своите производи, како мал хуман гест по повод Меѓународен ден на детето. Децата се највредното нешто, и нивната среќа може да ја почувствуваме преку дарување на мали изненадувања кои за нив би значеле многу - изјави Дања Димовска Микаровска од Прилепска пиварница.

Оваа компанија и понатаму продолжува да помага на сите оние на кои грижата им е најпотребна. Според директорот на Заводот, Пеце Гаштаров ова е значителен хуман гест една македонска компанија да направи активност наменета за децата од нивниот завод за рехабилитација.

 

Prilepska Pivarnica Podarok 1

 

Prilepska Pivarnica Podarok 2

 

Prilepska Pivarnica Podarok 3

Кој од нашите пијалаци ви е најомилен?
Банер
Банер