Банер

За постигнување на конзистентен висок квалитет на производите, "Прилепска пиварница" го држи чекорот со најсовремените светски достигнувања во техниката и технологијата. Во изминатите десетина години, во развојот на технологијата на постојните и нови производи и на целата придружна инфраструктура континуирано инвестираше околу 20.000.000 ЕУР.

Инвестициски проекти во изминатата деценија се:

- 2011 год. – Опрема за филтрација и стабилизација на пиво. Најсовремена, модерна технологија на мембранска, безкиселгурна филтрација на пиво и континуирана in-line стабилизација. Производители: Pall, GEA Westfalia.

- 2008/2009 год. – Опрема за обработка на вода: филтрација, денитрификација со реверзибилна осмоза и дезинфекција на водата од производител: BERKEFELD.

- 2008/2009 год. – Опрема за одлежување, матурација и стабилизација на пиво со целосна автоматска контрола и регулација на производствениот процес од производителите ZIEMANN и GEA Tuchenhagen Brewery System.

- 2007 год. – Линија за производство на безалкохолни освежителни пијалоци (Пепси Кола) во PET амбалажа со брзина од 10.000 шишиња на час од производителите KRONES и SIG.

- 2006 год. – Обновување, проширување и целосна автоматизација на одделението Варилница на пиво (вклучително автоматизиран дотур на суровини) – (ZIEMANN).

- 2005 год. – Обновување на производствената линија за претпакување пиво во стаклена амбалажа (Filtek, Krones)

- 2004 год. – Производствена линија за претпакување пиво во PET амбалажа (Fisher, ICS)

- 2004 год. – Обновување и реконструкција на одделение за производство на пареа

- 2003 год. – Производствена линија за нектари пакувани во картонска амбалажа (purepak) – (ELOPAK)

- 2002 / 2003 год. – Воведување нова палета производи – овошни сокови-нектари пакувани во стаклена амбалажа (Fisher)

- 2002 год. - Обновување на производствената линија за производство на безалкохолни пијалаци во PET амбалажа (Kosme, Krones)

- 2002 год. – Централен систем на обработка на вода (физичка, хемиска и микробиолошка) како суровина за производите, како медиум за санитација и како медиум за ладење и загревање (Berkefeld)

- 2001 год. – Проширување на одделението Ферментација на пиво (GEA Tuchenhagen) – 2 фаза

- 2000 год. – Целосно обновување на одделението Ферментација на пиво и пропагација на пивски квасец (GEA Tuchenhagen) – целосно автоматски контролиран и регулиран процес на производство и санитација – 1 фаза

- 1999 год. – Централен систем за производство на ладилни медиуми (GEA GRASSO) – 2 фаза

- 1998 год. – Централен систем за производство на ладилни медиуми за потребите на сите производствени капацитети во фирмата (GEA GRASSO) – 1 фаза

Кој од нашите пијалаци ви е најомилен?
Банер
Банер